Во САД температури до минус 50, Трамп го повикува глобалното затоплување да се врати

До крајот на оваа недела, делови од САД ќе го зафатат многу ниски температури што ќе се спуштат на минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите.

Најстудено се предвидува да биде денес, а Чикаго ќе биде поладен и од Антарктикот, наведува Би-би-си, додавајќи дека таквите ниск

Температурите под нулата значително ќе влијаат врз најмалку 55 милиони луѓе.

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните за време на нивниот престој на отворено да не дишат длабоко и да не зборуваат многу.

Илјадници училишта се затворени, главно во северозападниот дел на САД.
Канцеларијата за метеоролошки работи на САД објави дека само 10 минути престој на таков студ може да доведе до сериозни замрзнатини.

По тој повод се јави и претседателот Доналд Трамп, кој напиша на Твитер дека „на преубавиот Среден Запад” ледените температури достигнуваат до минус 60 степени и дека луѓето не можат да издржат повеќе од неколку минути.

„Што се случи со глобалното затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш”, напиша Трамп

и температури се јавуваат еднаш во 25 години.

Треба да знаете
Последни објави