Гвардиола ги заклучи играчите во соблекувална по поразот од Њукасл

Годината започна одлично за Ливерпул, но не е наклонета кон Манчестер Сити, кој покажува слабости во трката за титулата во Премиер лига. Составот на Пеп Гвардиола загуби од Њукасл иако го имаа водството од првата минута на натпреварот, а шпанскиот тренер беше неверојатно лут поради резултатот.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил многу лут од играта на својот тим во натпреварот против Њукасл во Премиер лигата. Во 24-тото коло на првенството „граѓаните“ загубија со 1:2, а по натпреварот Гвардиола ги заклучил играчите во соблекувалната, каде продолжил да им вика за лошата претстава во еден од клучните натпревари во борбата за првото место.

Шпанскиот тренер разговарал половина час со фудбалерите и ги изразил своите претензии кон нив. На висок тон тој изразил незадоволство од тоа што тимот не го притиснал противникот по првиот погодок дека престанале да играат и не биле доволно агресивни.

По 24-то коло разликата помеѓу Сити и лидерот Ливерпул се зголеми на 5 бодови. Како што е познато, синоќа Ливерпул не го победија Лестер, туку одиграа 1:1 и не го искористија погрешниот чекор на актуелниот англиски шампион.

Треба да знаете
Последни објави