Италијанската финансиска полиција објави дека запленила два тони кокаин на пристаниште во Џенова.
Од полицијата посочија дека вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 500 милиони евра и дека таа од Колумбија требало да стигна во Шпанија.
„Ова е најважната заплена во последниве 25 години“, посочија од полицијата и додадоа дека е постигнат успех во соработката со колумбиските, шпанските и бртинаските власти.
Дрогата била откриена на 23 јануари, таа била спакувана во 60 кеси во контејнер на брод што тргнал од Колумбија. Бродот пред некој ден пристигнал во Џенова, а требало да продолжи во Барселона, каде што кокаинот би бил пуштен на пазарот.
Италијанската полиција вчера соопшти дека повеќе од 640 килограми кокаин, во вредност од околу 130 милиони евра, биле запленети на пристаниште во Ливорно.