Во врска со настаните од 27-ми Април, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за Амнестија.
Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото.
Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за Амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес.