Бројот на лица загинати по пукањето на рударската брана на Бразил секојдневно расте. Досега најмалку сто лица загинаа, а 259 се водат за исчезнати.
Несреќата се случи пред неколку дена во југоисточниот дел на Бразил.
По несреќата властите издадоа налози за апсење на пет лица за одговорност за несреќата предизвикана од пукањето на браната. Налозите за апсење беа издадени во Сао Паоло и Минас Жераис.
Цел еден мал град беше прелиен со речна кал и рударски отпад.