Обвинетелката Вилма Русковска на денешното рочиште за „27 април“ најпрво му се извини на Игор Југ бидејќи во обвинението пак го напишале Македонец по националност, на што тој претходно реагираше.
– Многу работи се случија од почетокот на судењето до сега, внатре во судницата и надвор. Кога велам внатре мислам на сведочењата на Мрѓа, Ременски…што кај нив предизвикаа такви емоции кои кај мене предизвикаа чуство на горчина и срам зато што таа траума ја доживеале внатре во собранието. Кога кажав надвор мислам на Законот за амнестија кој како политичка одлука изврши големо влијание на неказнивост и тоа е усшете горчина што ја доживеав како граѓанин на ова држава. На судот не треба да влијае тоа што некој се соочува со десет години затвор, а друг е амнестуран туку фактите и доказите. Силното владеење на правото е темелена основа на судството и тоа не треба да го заборавиме, рече Русковска во завршните зборови.
(Д.В.)