– Цел ми беше да се докажам како професионалец и не ми беше битно што има во системот, рече Лазаревски и додаде дека го предал системот и опремата за прислушување во септември 2006 година. До тогаш бил началник, кога опремата ја оставил во функционална состојба.
Лазаревски во Оперативниот систем влегол со лозинска и корисничко име и го ископирал тоа што му требало. За корисничко име го искористил главниот администраторски влез во системот.
– Никаква друга активност во системот не направив, освен копирањето на посочените логови, потенцира Лазаревски.
Системот за следење бил набавен во 2000 година и логовите биле незаштитени за администраторот, бидејќи бил пионерски модел на Веринд и за да биде конкурентен била жртвуван дел од безбедноста.
Директно запрашан Лазаревски рече дека првпат неовластено влегол во системот во 2008 година. При тоа го употребил корисничкото име на главниот администратор што го користел уште од 2000 година.
-Го искористив моментот што тоа корисничко име не беше сменето, потенцира Лазаревски.