Од ЕВН информираат дека, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, во текот на денот без електрична енергија ќе останат дел од општина Кисела Вода, Карпош и општина Ѓорче Петров.
„Од 8.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Мариовска и дел од улицата Милан Мијалковиќ во населбата Пржино, општина Кисела Вода.
Од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Од 9 до 12 часот корисниците од улицата 72 во селото Волково во општина Ѓорче Петров“, се наведува во соопштението на ЕВН.