Иако 2019 година донесе добри вести , поради тоа што нивниот најнов филм „Aquaman“ одлично заработува и веќе скрши неколку рекорди на боксофисот, сега ситуацијата е поинаква, откако Бен Афлек изјави дека нема да се појави во улогата на Бетмен во новите филмови од оваа франшиза.
За потенцијалното повлекување се шпекулираше неколку месеци, а официјалната потврда дојде од студиото Warner Bros. Претставници на студиото изјавија дека Бен Афлек побарал повеќе пари од предвиденото за да се појави во новиот филм, а тие не сметаат дека можат да си дозволат да потрошат толкави суми за еден актер, така што тој повеќе нема да биде дел од филмската франшиза.
Помеѓу последниот филм на Афлек , денеска, актерот кој ја толкуваше улогата на Бетмен во филмовите „Batman v Superman: Dawn of Justice“, „Suicide Squad“ и „Justice League“ беше на рехабилитација поради зависноста од алкохол.
Важно е да се нагласи и дека Бен Афлек беше заменет од режисерското столче на самостојниот филм за Бетмен, а на негово место беше поставен Мет Ривс. Сега е потврдено дека тој, покрај режисерката улога, ја губи и главната актерска улога во филмот кој се очекува да излезе на 25 јуни 2021 година.