Gрчката влада соопшти дека во текот на следните денови ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, по што формално ќе ја извести нашата земја. Со тоа ќе стапи на сила промената на името во Република Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ја опиша недамнешната ратификација на Преспанскиот договор во грчкиот парламент, како историски значајна, истакнувајќи дека со договорот завршува 27 годишниот спор.
Според договорот, Македонија го менува името, а Грција ги отфрла своите забелешки на членството во НАТО.