Дел Потро: Жалам што му давав совети на Новак, сега ги победува сите

Враќањето на Новак Ѓоковиќ во форма не можеше да помине подобро, а србскиот тенисер изгледа подобро од било кога во кариерата. Неговиот колега и добар пријател, Хуан Мартин дел Потро, рече дека му е исклучително драго што Новак ги послушал неговите совети, но и дека по малку жали поради тоа.

Дел Потро во моментов е рангиран како четврти тенисер во светот, а тој и Новак Ѓоковиќ имаат одличен однос, како на теренот, така и надвор од него.

Аргентинецот имаше тешки и многубројни повреди во кариерата, и се добива впечаток дека можеше да постигне многу повеќе доколку не беше толку често повреден. Баш поради тоа имаше што да му каже на неговиот пријател од Србија, кога овој често се мачеше со незгодни повреди.

„Ме изненади тоа што Новак ме послуша кога му зборував за повредите. Беше многу емотивно. Често зборувавме во првата половина од минатата година, затоа што тој ги доживуваше најтешките моменти од кариерата“, рече дел Потро.

Двајцата тенисери важат како луѓе кои почитуваат и негуваат добар хумор, па дел Потро не ја пропушти шансата да се пошегува на сметка на Ѓоковиќ.

„На некој начин жалам што му давав совети, бидејќи тој сега ги победува сите. Но, тој го заслужува сето ова, бидејќи е одличен пример за сите тенисери“, додаде дел Потро.

Последниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро се одигра во финалето на УС Опен, кога српскиот тенисер го освои 14-от Гренд Слем во кариерата. Потоа, дел Потро пропушти поголем дел од сезоната поради повреда на коленото.

Треба да знаете
Последни објави