Од следната година Европската Унија го забранува увозот и производството на тутун за рачно виткани цигари од ориентален тутун. Во исто време од 2020 година во ЕУнема да може да се купат ниту цигари со вкус на ментол, ванила или на овошје. Исто така според тој закон на сите цигари кои ќе се произведуваат мора да стои експлицитна фотографија за последиците кои можат да настанат од пушењето. Забраната нема да важи пурите и тутунот за луле, бидејќи тие не ги консумираат младите кои почнуваат со пушење.
-Забраната се воведува бидејќи ароматичните додатоци како ментол и мирис на овошје и на тој начин се прикрива вкусот на тутунот и се зголемува потрошувачката. Со ова дополнително се зголемува опасноста за здравјето на луѓето- стои во образложението на Европската комисија.
ЕУ им даде на земјите-членки две години за спроведување на одредбата која стапи во сила во Германија во 2016 година. На производителите со пазарен удел од над 3 отсто им беше дадено дополнително време до 2020 година, за да можат да ги продадат резервите кои ги имаат. Германската компанија (Planta Tabak) започна тужба против законот, тврдејќи дека оваа структура на забранасо закон е дискриминаторска. Судиите во Луксембург ги отфрлија аргументите на компанијата, бидејќи според нив преодниот период предвиден за земјите членки да воведат одредбата, бил доволен за производителите. Случајот сега се враќа во германскиот суд.
Европската комисијата во извештајот наведува дека секоја година во Европа умираат 700.000 луѓе од болести поврзани со пушењето и дека трошоците за лечење на овие болести достигнуваат 25 милијарди евра годишно. Дополнителна штета прави падот на продуктивноста во вредност од осум милијарди евра.
Валентина Ангеловска