Завршни зборови на судењето за „27 април“, обвинетите ги добија обвиненијата

Судењето за „Крвавиот четврток“ почна со читање на завршните зборови на ОЈО, а на кое на обвинетите им беа врачени примероци од „новите“, променети обвиненија по амнестирањето на дел од обвинетите. Во обвинението е прецизирано дека постапката против амнестираните е запрена бидејќи се амнестирани.

Според јавниот обвинител Ивана Трајчева, согласно Законот за амнестија обвинетелниот акт е против екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија” Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, чии барања за амнестија беа одбиени.

(Д.В.)

 

Треба да знаете
Последни објави