Венецуелските власти мора веднаш да ги ослободат тројцата уапсени новинари и возачот, изјави шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
„Јасно повикувам на итно ослободување на вашите колеги во Каракас. Ние цврсто веруваме дека сите новинари треба да бидат способни да ги извршуваат своите должности, обврски и да ги остваруваат своите права при работа”, рече Могерини.