Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, изјави денеска дека Европската Унија се согласила да ја предводи меѓународната контакт-група со земјите од Јужна Америка во напорите за нови избори во Венецуела и излез на таа земја од политичката криза.
Оваа група, која ќе се состои од Велика Британија, Франција, Германија, Боливија и Еквадор ќе работи 90 дена и ако нејзината работа не го донесе очекуваниот напредок, Могерини рече дека на сила ќа стапат економски санкции против владата на претседателот Николас Мадуро.
„Оваа тема наскоро би можела да се најде на состанокот на министри“, рече Могерини по средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ во Букурешт, објави „Ројтерс“.
Во меѓувреме, во Венецуела кризата се продлабoчува – Врховниот суд му забрани на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател да ја напушти земјата, а тој, пак, повикува на нови улични протести.
Европскиот парламент денеска го призна Гуаидо за претседател на Венецуела.