До 2020 година во Москва ќе биде формиран центар за сајбер безбедноста, објави денеска заменик-шефот на Одделот за информатички технологии во Москва, Александар Горбатко.
„Планираме да го комплетираме формирањето на информатички центар и со тоа да ги покриеме сите извршни власти во Москва”, рече Горбатко, пренесува ТАСС.
Тој посочи дека се надева дека целиот процес ќе заврши до 2020 година.