Нема напредок во преговорите со американската делегација во однос на прашањето за Договорот за елиминација на нуклеарните проектили од краток и среден дострел (ИНФ), изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
„За жал, нема напредок. Ставот на САД останува цврст и улитмативен“, рече Рјабков.
Американската страна сега се обидува нас да нè критикува дека ова е погрешно договорено, вели рускиот заменик министер и додава дека сепак, тие самите себе си си противречат и не покажуваат дека се спремни за понатамошни разговори.
Како што истакна, Вашингтон е целосно одговорен за сегашната ситуација. „Тие зедоа апсолутно деструктивен и многу цврст став и поставија 60-дневна временска рамка, во која би требало ние да им излеземе во претсрет,“ истакна Рјабков.