Срамно однесување на напаѓачот на Рома: Џеко го плукна судијата и доби директен црвен картон

Фудбалерите на Рома синоќа претрпеа катастрофален пораз од Фиорентина од 7:1 во Купот на Италија, а покрај резултатот, уште долго ќе се зборува и за срамното однесување на напаѓачот на Римјаните, Един Џеко.

Џеко влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а во 72-ра минута доби директен црвен картон. Судијата не досуди фаул врз Пелегрини, по што следуваше бурна реакција на фудбалерите на Рома.

Поради приговорот, Пелегрини доби жолт картон, по што Џеко „експлодираше“. Босанецот освен тоа што го навредил судијата, тој дури и го плукна, што значи дека после анализата на Дисциплинската комисија при Серија А, напаѓачот на Рома може да добие драстична суспензија.

Треба да знаете
Последни објави