Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ја почитува спогодбата за ракетите од среден дострел, наведувајќи дека руските ракети можат да носат нуклеарни боеви глави и оти можат да стигнат до европските градови.
Столтенберг во Букурешт каде што учествува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ, оцени дека Русија ја крши таа спогодба и оти развила и распоредила нови ракети од среден дострел кои тешко се детектираат и биле мобилни.