Со вкрстено испрашување од одбраната на „свиркачот” Ѓорѓи Лазаревски, од МВР, во Кривичниот суд почна денешното рочиште за предметот Таргет-Тврдина на СЈО.
Лазаревски на минатото рочиште беше испрашуван од Специјалното јавно обвинителство, а денешното испрашување го почна адвокатот на Мијалков, Звонко Шврговски.
Во предметот Таргет-Тврдина обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешните шеф на УБК Сашо Мијалков, началник на Петтата управа Горан Грујовски, заменик-началник Никола Бошкоски, шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица од Управата.
Тие се товарат за незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година.