Уругвај и Мексико најавија меѓународна конференција на 7 февруари во Монтевидео, на која ќе присуствуваат претставници од држави и меѓународни тела со „неутрален став” кон Венецуела.
– Владите на Уругвај и на Мексико во согласност со својот неутрален став кон Венецуела организраат меѓународна конференција со претставници на земји и на меѓународни организации кои делат таков став, се наведува во соопштението издадено од уругвајската Влада.
Уругвај и Мексико не го признаваат опозиционерот Хуан Гуаидо, претседателот на Парламентот, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела.