Уште еден тениски скандал: На Лука Пуј му било понудено да намести натпревар

Еден од најдобрите тенисери на светот откри дека во текот на кариерата му било понудено да учествува во местење натпревар.

 

Французинот Лука Пуј минатата недела го оствари најдобриот резултат во кариерата со пласман во полуфиналето од Гренд слемот во Мелбурн.

По победата над Максимилијан Мартерер во третото коло, откри дека има добиено „непристојна понуда“.

„Играв на челенџер во Романија каде една мала група од 4-5 луѓе жестоко навиваа за мене, но веќе следниот ден веќе беа против мене затоа што се обложиле на победа на другиот тенисер. Добив и директна понуда за пари преку социјалните мрежи за да изгубам меч намерно. Никогаш не одговорив. Не вреди. Смешно е да се продаваат сопствените натпревари и да се губи намерно за пари“, изјави Пуј.

Тој додаде дека ја поддржува идеата да се забрани обложување за одредени турнири, со објаснување дека на некои играчи им требаат пари.

„Ако победиш ќе заработиш до 1.000 евра, но ако ти понудат 5.000 евра за да го загубиш мечот, тешко е да кажеш не“, рече Пуј.

Треба да знаете
Последни објави