Фејсбук ја заврши 2018 година со огромен профит

Социјалната мрежа Фејсбук објави успешни финансиски резултати за четврти квартал на 2018 година наспроти скандалите поврзани со кражба на податоци на милиони корисници што компанијата ја потресоа минатата година.

Четврти квартал од 2018 година компанијата го заврши со приход од 16.9 милијарди долари или 30 отсто повисоко споредено со истиот пероид во 2017 година. За истиот пероид профитот изнесува 6.9 милијарди долари, 60 отсто повеќе од 2017 година.

Aкциите на компанијата на технолошката берза „Насдак” во Њујорк денеска пораснаа за повеќе од 12 отсто.

Од Фејсбук посочуваат дека бројот на корисници минатата година се зголемил, но други независни експерти оценуваат дека и бројот на лажни профили на оваа мрежа се зголемил до 128 милиони.

Во 2019 година компанијата ќе се фокусира на развој на другите апликации како Ватсап, Инстаграм и Месенџер.

Бројот на корисниците на Фејсбук стагнира во САД, но интензивно пораснал во Азија, најмногу во Индија и посебно на Филипините.

Скандалот со „Кембриџ Аналитика” лани ја потресе компанијата откако се дозна дека податоците на милиони нејзини корисници биле искористени за микро таргетирање во политички цели на претседателските изборите во САД во 2016 година.

Скандалот натера многу познати јавни личности во Америка да повикаат на бојкотирање на мрежата и отстранување на апликацијата. Од „Си-Ен-Ен”, укажуваат дека иако милиони корисници го направиле тоа, голем дел од нив повторно ја презеле апликацијата.

Треба да знаете
Последни објави