Футсал репрезентативците подобри од Грција

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва во „Јане Сандански” ја совладаа селекцијата на Грција со 5:3 (3:0) во првиот дуел од претквалификациите за пласман во елитната рунда квалификации за СП.

Стрелци на головите за „црвено-жолтите” беа Зибери, Андов и Левески и два на Крстевски. Ставракопулос и Тарлас со два гола беа прецизни за гостите.

Македонија имаше сигурно водство од 3:0, но потоа дозволи Грците да израмнат (3-3). На две минути до крајот сепак Крстевски прво донесе водство за Македонија, а потоа пред самиот крај го постави конечниот резултат 5-3.

Претходно денеска во нашата група, Албанците беа подобри од Сан Марино со убедливи 5:0.

Македонија по мечот со Грција, ја чека пресметката со Сан Марино утревечер, а против Албанија дуелот е во недела од 20 часот. Со победа во утрешниот меч со аутсајдерот Сан Марино ќе осигураме пласман на едно од првите две места на табелата, кои значат прескокнување на претквалификациите.

Треба да знаете
Последни објави