Ципрас следната недела ќе ја посети Турција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 5 и 6 февруари ќе претстојува во Турција, при што е предвидена средба со турскиот претседател и Вселенскиот патријарх, јави дописничата на МИА од Атна.

По покана од претседателот на Турција, Реџеп Тајип Едоган, Ципрас во втотник ќе биде во Анкара, соопшти портпаролот ја грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот брифинг со новинарите.

По средбата Ердоган – Ципрас, предвидена е прес-конференција и работна вечера.

На 6 февруари грчкиот премиер ќе замине за Истанбул на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Треба да знаете
Последни објави