Тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо беше посебно разочаран од синоќешниот дебакл на неговиот тим кој на гостувањето кај Фиорентина беше декласиран со 7:1.
„Не можеме да дозволиме вака да бидеме посрамени. Тоа беше катастрофална партија. Сакам да направам анализа со ладна глава, затоа што сега, да бидам искрен, не сум баш најдобро задоволен“, изјави Ди Франческо после дебаклот во Купот на Италија и додаде:
„Како и да е, нема да дадам отказ. Никогаш не сум размислувал за тоа. Мислам дека мојот голман не одбрани ниту еднаш, а примивме седум гола. Досега ја имавме една од најдобрите одбрани во првенството. Сега, се што можеме да направиме е да им се извиниме на нашите навивачи. Тешко е да се објасни што ни се случи. Тоа беше срамно“, изјави Ди Франческо.