ЕУ испрати инспекција во полската кланица

Полското државно обвинителство во Остролек, северно од Варшава, соопшти дека е почната истрага за колењето и дистрибуцијата на болни крави во месната кланица, по телевизкиот извештај на новинар кој таму бил вработен како работник.

Европскиот Комесар за здравје и прехранбена безбедност на ЕУ, Вутенис Андриукаитис најави инспекција во кланицата и ги повика полските власти да обезбедат испочитување на европските прописи, со оглед дека Полска е голем извозник на месо во Европа.

Новинар на комерцијалната телевизија Н24, помина три недели во кланицата во Калинов вработен како работник, на стотина километри североисточно од Варшава, каде сними и објави вознемирувачки снимки од болни крави, кои со јаже околу вратот како едвај стојат во кланицата, потоа натрупани во камион делови од месо, што е несоодветно за пласирање на пазарите.

Комесарот ги повика земјите членки кои би можеле да бидат повикани со случајот, брзо да делуваат, ги повика полските власти што побрзо да ја завршат својата истрага и да донесат нужни мерки за да осигураат испочитување на европските прописи и да ги санкционираат извршителите на тие кривични дела опасни по јавното здравје

Треба да знаете
Последни објави