Кина ќе гради центар за вештачка интелигенција на дното на Јужното Кинеско Море

Кина има намера да гради центар за вештачка интелигенција на дното на Јужното Кинеско Море, на длабочина од 6.000 метри, што ќе чини 140 милиони евра.

Тимот инженери и научници, како што пренесува „Дејли мејл”, имаат целосна поддршка од кинескиот претседател Си Џинпинг.

– Во длабочините на морето нема патишта, не засегаме други земји, сѐ e наше, изјави Си.

Како најверојатна локација за проектот се споменува морската вдлабнатина Манила близу Филипините.

Треба да знаете
Последни објави