Надал ја запросил Марија

Познатиот шпански тенисер Рафаел Надал ќе се венча со долгогодишната партнерка Марија Франциска Переља.

Како што пренесуваат медиумите, тенисерот и Марија ќе застанат на лудиот камен оваа есен во Мајорка.

Надал, кој ја изгуби битката за прво место на турнирот во Австралија од Новак Ѓоковиќ, во една прилика се опиша себе си како семеен човек.

Парот е заедно веќе 14 години, а Марија отсекогаш му била најверната поддршка на Надал за време на турнирите.

Треба да знаете
Последни објави