Николовски: Драстично зголемување на финансирањето на мерките за рурален развој

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска истакна дека, остварено е драстично зголемување на финансиската поддршка за приоритетни мерки, со кои ќе ги исполнат нивните цели за инвестиции во земјоделството.

– Следејќи ги политиките на Европската Унија во 2019 година ќе се посветиме на создавање на услови за модерно и конкурентно земјоделско производство преку мерки кои што ќе значат инестиции во земјоделството и руралниот развој, нагласи Николовски.

Тој наведе дека е зголемно финансирањето во преработувачата индустрија и преработувачките капацитети, производството на производи со дополнителна и додадена вредност, поддршка на руралната инфраструктура, промоција на земјоделските производи и силен маркетинг, ивестиции во поддигање насади, набавка на приплоден добиток, грантови за млади земјоделци…

– Годинава ја продолжуваме финансиската поддршка за младите фармери со изменети законски критериуми, финансиската поддршка ја зголемуваме од постоечките 10.000 на 20.000 евра по корисник, посочи министерот за земјоделство.

Истакна дека се воведува законска измена со која се отстранува границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

– Следејќи ги потребите на земјоделците, значително ја зголемуваме поддршката за набавка на добиток, од 14 милиони денари на 91 милион денари оваа година, потенцираше Николовски.

Рече дека поддршката за набавка на трактори, што целосно е искористена преку Ипард, оваа година ќе биде поддржана преку програмата за рурален развој каде е дуплирана од 30 милиони денари, на 62 милиони денари.

– Инвестициите во преработувачката индустрија се наш клучен приоритет во програмата за рурален развој 2019 година, бидејќи истовремено обезбедуваат сигурен пласман на македонските земјоделски производи, решавање на тековните проблеми со вишокот производство, создавање на конкуренти производи кои се бараат на светските пазари, кои отвораат можност за нови работни места. Затоа за 1170 отсто ја зголемуваме инвестицијата за мерката маркетинг на земјоделски производи. За оваа мерка воведуваме нови законски изменети критериуми и предвидуваме нови четири милиони евра за поддршка на преработувачката индустрија, посочи министерот.

Наведе дека таа мерка ќе се реализира преку предфинансирање на инвестициски проекти во висина од 100 отсто од износот на предлог-проектите.

– За овие проекти во 2019 година се предвидени четири милиони евра кои се во целост на располагање на преработувачката индустрија.Преку оваа мерка за предфинансирање ги поддржуваме и инвестициите во преработувачките капацитети, ладилници и откупни центри за приоритетните земјоделски производи кои се соочуват со проблем на пласманот во претходниот период. објасни Николовски.

Истакна дека за 900 проценти се зголемува мерката за советодавни услуги, по сосема нови критериуми со што преку стручни совети и навремени информации ќе се поттикне поголема искористеност на мерките од националните програми, но особено и од Ипард фондовите, каде што последниот период таа пилотирана мерка ќе биде и акредитирана.

– Со вкупно 60 милиони денари ќе ја поттикнеме промоцијата на македонските земјоделски производи дома и во странство, наведе Николовски.

Посочи дека во 2019 година ќе биде укажана и поддршка за заштитени ознаки за традиционалните производи, за да се започне еден силен процес на заштита на нашите традиционални производи, навеедуваќи дека, исто така оваа година ќе биде ставен и фокус на органското производство.

– Ќе се помогне во финансирањето на амбалажата на преработени земјоделски производи, изработка на маркетинг платформа, ќе го помагаме транспортот на грозјето во државата од земјоделските производители до купувачачите, но и други мерки преку техничката поддршка на самата програма, изјави Николовски.

Потенцираше дека се издвоени 13 милиони денари за директна поддршка на локалните акциски групи за нивните стратегии и проекти на локално ниво, а 130 милиони денари за обнова и развој на селата во земјата.

Треба да знаете
Последни објави