Десетина луѓе досега починаа поради екстремно ниските температури што ги зафатија централниот на САД и средниот запад, а поларниот студ се движи и кон истокот, пренесуваат американските медиуми.
Властите ги запалија железничките пруги за да спречат нивно замрзнување, пренесува Си-ен-ен.Последната жртва од студот е маж, кој бил најден замрзнат во гаража во Милвоки.
Температурата во Чикаго се спушти до минус 29 степени со што се приближи до рекордните минус 33 од 1985 година. Овој рекорд би можел да падне ноќеска по локално време. Чувството на студ поради ветрот се спушти и до минус 45 степени.
Националната метеоролошка организација објавила дека температурите достигнале минус 33 степени во Минеаполис, со што е урнат рекордот стар повеќе од 100 години. Температурите кои го земаат во предвид студот од ветерот, паднале и под минус 50 степени, пренесе „УСА тудеј“.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, најмалку осум луѓе починале поради ладното време. Илјадници летови се откажани или одложени, вклучително и над илјада летови на аеродромите на подрачјето на Чикаго.
Властите во Чикаго додале 500 кревети во засолништата за бездомници.
За голем студ се подготвуваат и Филаделфија и Њујорк, но таму сепак не очекуваат температури како на Средниот запад.