Група членови на грчката анархистичка група „Рубикон”, синоќа упаднаа на настан организиран од СИРИЗА, без при тоа да предизвикаат проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.
Членовите на „Рубикон” фрлија флаери, извикуваа слогани и кренаа пано на настанот посветен на четиригодишнината од доаѓањето на СИРИЗА на власт во населба во западниот дел на Атина, на кој говореа министерот за миграциска политика, префектот на областа Атика и градоначалникот на населбата.
Кусо по упадот, групата замина, додека пак преку анархистички сајт најавија дека ќе објават детално соопштение и видео.