Врховниот суд на Швајцарија во Женева ја одбил жалбата на полицаец кој бил казнет со парична казна од 528 евра за пребрзо возење за време на потера по разбојници ограбиле банкомат.
Радарите за време на потерата два пати регистрирале поголема брзина на полициското возило.
Првиот пат дозволената брзина била прекорачена за 30 километри на час, додека вториот радар покажал поголема брзина од дозволената за 42 километри на час.
Обвинителството проценило пречекорувањето е во согласност со тактичките барања, но судот одлучил дека во вториот случај имало сериозно прекршување на правилата на сообраќајот па ја потврдил одлуката за глоба на полицаецот од 600 швајцарски франци, пишува новинската агенција СДА.
Судот соопшти дека брзината за време на потерата морала да биде пропорционална и дека големата брзина била оправдана ако биле загрозени животите на луѓето.
Во одлуката на судот се вели дека полицаецот знаел дека осомничените нема никого да повредат, па требало да се вози со брзина која не го загрозува другите, без оглед на тоа што запирањето на криминалците е од јавен интерес.