Ослободени шпанските и француските новинари уапсени во Венецуелa

Шпанската државна новинска агенција ЕФЕ објави дека се ослободени тројцата нејзини новинари кои завчера беа приведени во Каракас, Венецуела. Претходно шпанскиот премиер, Педро Санчез, побара нивно итно ослободување. Исто така, уредништвото на емисијата „Котидијан“ соопшти дека се ослободени и двајцата француски новинари кои работеле на оваа емисија.

ЕФЕ претходно објави дека колумбискиот фотограф Леонардо Муњоз исчезнал во средата наутро во Каракас, а дека припадниците на разузнавачката служба на Венецуела (СЕБИН) подоцна уапсиле двајца новинари, Шпанецот Гонзало Домингез и Колумбијката Маурен Барига.

Шпанската влада наведе и дека еден државјанин на Венецуела, кој работи за шпанската новинска агенција, исто така бил приведен. Тој сè уште не е идентификуван.

Санчез претходно соопшти дека Шпанија го признава венецуелскиот опозициски лидер како привремен претседател доколку актуелниот претседател Николас Мадуро не распише до недела предвремени претседателски избори.

Треба да знаете
Последни објави