Објавен е првиот тизер за долгометражниот документарен филм „Устав на новата ера: Човек балансер на воздушниот и водениот свет“.
Филмот е за пензионираниот полицаец Војо, којшто е иноватор на 8 иновации од енергетиката и екологијата, а последниве 15 години работи со огромна љубов и посветеност на неговиот најголем проект, кој ќе помогне против аерозагадувањето во земјата.
Филмот е во продукција на „Опиум фулм“, а ко-продукција на ПИК Продукција и Bunker Film+ од Албанија. Автори на филмот се Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, музиката е на Александар Томевски, а звучниот дизајн на Слободан Трајкоски.