Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе се одржи утре со почеток во 11 часот, а единствена точна на дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, иако првично беше најавена за в понеделник.
Барањето е поднесено од Основен суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција.
Димовски, заедно со Михаил Цветков и Ацо Спасеновски како поранешни министри за земјоделство, зедно со заменик министерот Кристијан Делев се осомничени дека од 2006 до 2016 година го оштетиле буџетот за 1.483.497 евра.
Триесетдневен притвор попладнево добија Цветков и Делев, додека на Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор.