Фотографии од моментот на колапсот на браната во Бразил

Драматични фотографии се појавија од колапсот на браната во рудникот за железо на компанијата „Вале“ во јужен Бразил. Фотографиите, објавени од телевизијата „Бандерантес“, го покажуваат моментот кога калливата маса ја зафати кантината на компанијата и соседните згради во Брумадињо.

Истрагата е во тек, за колапсот кој одзеде повеќе од 300 животи. Ова е втор инцидент во компанијата „Вале“ за три години, пренесува Би-би-си.

Како дел од истрагата уапсени се петмина. Обвинителите во Бразил велат дека тројца од уапсените се претставници на компанијата, чии одговорности вклучуваат справување со лиценците за влијанието врз животната средина.

„Вале“ е најголемиот произведувач на железна руда и никел во светот.

https://youtu.be/hmFBR3WkRLM

Треба да знаете
Последни објави