Американскиот сенатор Кори Букер, познат по борбата против изборот на Брет Кавано за судија во Врховниот суд, денеска објави дека ќе побара номинација на Демократската партија за петседателски кандидат на изборите во 2020 година.
Четириесет и деветгодишниот Букер е најновиот демократски кандидат и четврт американски сенатор кој објави кандидатура за претседател на изборите, за кои се очекува да преовладуваат разнолики кандидати, кои ќе се обидат да го заменат Доналд Трамп. Неговата објава на кандидатурата беше очекувана, пренесуваат американските медиуми.
„Верувам дека можеме да изградиме земја во која никој не е заборавен и никој не е оставен“,, рекол Букер, сенатор од Њу Џерзи, во видео објавено на неговата веб-страница.
Тој додал дека ќе се насочи на создавање добри работни места и реформи во казнениот систем.
Букер е поранешен градоначалник на Њујорк и Њу Џерзи, втор Афроамериканец кој одлучил да се кандидира на следните амеиркански претседателски избори, по демократската сенаторка од Калифорнија, Камал Харис.