Бијонсе со примамлива понуда: Станете вегани, ќе ви дадам гратиси

Бијонсе и Џеј Зи решија да ги мотивират нивните фанови да почнат да живеат поздрав живот со вегански предизвици.

Пејачката на нејзиниот профил го објави предизвикот, со кој им дава прилика да освојат гратис влезници за сите концерти на Бијонсе и Џеј Зи во наредните 30 години, ако престанат да консумираат храна од животинско потекло, односно ако станат вегани.

Таа веќе некое време го промовира веганскиот начин на исхрана по кој се води целото нејзино семејство.

Во предговорот за книгата , двајцата зборуваат за тоа како веганството им влијаело на начинот на живот.

„Децата ни го променија животот повеќе од сѐ друго. На здравјето гледавме како на исхраната – нешто делуваше, нешто не. Кога почнавме на здравјето да гледаме како на вистина наместо на исхрана, стана наша мисија да споделиме таа вистина со што е можно повеќе луѓе. Сите сме одговорни за нашето здравје и за здравјето на планетата. Да станеме заедно и да ја шириме вистината. Оваа мисија нека стане движење“, порачаа славните музичари.

Треба да знаете
Последни објави