Американските цариници и погранични власти соопштија дека заплениле 114 килограми фентанил во скриен дел на камион, што е најголема количина на заплена на ваква синтетичка дрога што предизвикува фатални предозирања.
Дрогата била пронајдена под подот на камион откако била детектирана со скенер за време на дополнителна проверка. Имено, службениците со скенерот детектирале извесни „аномалии“, по што куче кучиња трагачи ја откриле дрогата, изјави директорот на царински пункт во Ногалес, Мајкл Хемфрис.
Поголемиот дел од запленетиот фентанил, чија вкупна улична вредност изнесува околу 3,5 милиони долари, бил во облик на бел прав, но околу еден килограм од дрогата бил во форма на апчиња.
Агентите заплениле и околу 179 килограми метамфетамин, со улична вредност од 1,18 милиони долари, рече Хемфрис.
„Само неколку зрна фентанил, опасна опојна дрога, брзо може да убие“, додаде тој, истакнувајќи дека заплената на дрогата спречила огромен број дози да им наштетат на многи семејства.