Во Хрватска откриени наставници со лажни дипломи

Министерството за образование од Хрватска, потврди дека на Филозофскиот факултет во Загреб, од 280 диломи кои биле проверени, три биле лажни, и тоа кај еден вработен во основно и двајца вработени во средни училишта.

Деканот на Филозофскиот факултет во Загреб, Весна Влаховиќ Штетиќ вели за медиумите дека не верува оти некој од вработените на факултетот бил вклучен во фалсификувањето на дипломите и има целосна доверба во вработените.

Министерката за образование, Блаженка Дивјак истакна дека измамниците ќе добијат итен отказ, а за случајот ќе биде известено државното обвинителство.

Министерството до основните и средните училишта, како и образовните агенции, даде рок од една година да ги проверат дипломите на околу 90 илјади вработени. Вонредната проверка беше покрената откако кон средината на јануари стана јасно дека вработена во Министерството имала фалсификувана диплома.

Треба да знаете
Последни објави