Заедничкиот синдикален фронт на Белгија закажа генерален штрајк на 13 февруари, кога во Брисел ќе се одржува министерски состанок на НАТО. Повикани се авионските компании да се придружат, јавува дописничката на МИА од Брисел.
По неуспехот на преговорите со претставниците на работодавците за зголемување на куповната моќ, заедничкиот синдикален фронт на Белгија повика на генерален 24-часовен штрајк, со почеток на 12 февруари во 22 часот.
Штрајкот ќе ги засегне сите превозни средства во земјата, со што се очекува општа парализа.
Претставниците на христијанскиот синдикат вчера се придружи кон штрајкот на контролорите за летање од Белгоконтрол и ги повикаат сите работниците да останат дома на 13 февруари. Синдикатот повикува на штрајк и во авионските компании како и во пристаништата.
На 13 и 14 февруари во Брисел се одржува министерски состанок за одбрана на земјите членки на НАТО.
Конкретно, синдикатите во Белгија оценуваат дека планираната маргина од 0,8 отсто на зголемување на платите за наредните две години е премалку и потсетуваат дека пред две години е договорена таа да постигне 1,1 отсто. Работодавците пак тврдат дека поголемо зголемување ќе има „негативно влијание” врз пазарот на трудот и куповната моќ, повикувајќи се на закон од 1996 година.
Синдикатите сметаат дека е „скандалозно” да се ограничува зголемувањето на платите додека приватните компании прават „огромни профити”.
– Треба да не сте од овој свет за да не разберете дека ова е неприфатливо, треба да престанат компаниите да бараат само да се полнат џебовите на акционерите и на богатите, изјави шефот на социјалистичкиот синдикат, Роберт Веретенеј.