Гостиварец со циркулар ги расекол прстите на десната рака

Гостиварец на возраст од 28-години се повредил работејќи на циркулар во фабрика за мебел во гостиварска Горна Бањица.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 31 јануари, додека 28-годишниот работник сечел со машината, при што ги повредил прстите од десната рака. По инцидентот, тој бил пренесен во клинички центар во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото и работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави