Скопјанката О.Ц.(41) била тешко поведена откако во неа удрил автомобил, вчера во скопската населба Лисиче.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 9.20 часот, на крстосницата од булеварот12-та Македонска Бригада, со улицата Димитар Туриманџовски. Автомобил „фолксваген венто” со кумановски регистерски таблици управуван од Д.С.(35) од кумановското село Лопате удрил во О.Ц.
По сообраќајката тешкоповредената билапренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза”, а лекарите констатирале тешки повреди.