Затворање на обуката за справување со пожари на ДЗС
Свечено затворање на обуката „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело” ќе се одржи денеска во Центарот за Обука во Идризово во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пред присутните обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски.
Ќе бидат доделени и сертификати на учесниците.