Конте призна дека имал понуда од Реал Мадрид

Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте,  изјави дека на есен му било понудено да го предводи Реал Мадрид, но тој ја одбил понудата.

Реал Мадрид веќе отпушти еден тренер од почеток на сезоната. Поранешниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги, беше отпуштен поради лошите резултати, а на неговото место беше назначен Сантијаго Солари. Сепак, изгледа дека раководството на „кралскиот клуб“ повеќе сакаше да го види Антонио Конте на тренерската клупа.

„Имав можност да го предводам Реал Мадрид, но решив да ја одбијам понудата. Повеќе сакам да работам со тимот од почетокот на сезоната. Покрај тоа, во тој момент, Реал беше како врел па решив дека не треба да одам таму“, изјави Конте .

Последниот ангажман Конте го имаше во Челзи 2018 година. Работеше и во Јувентус, Сиена, Аталанта, Бари и Арецо, а беше и селектор на Италија.

Треба да знаете
Последни објави