Министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелешкану ги повика земјите од Западен Балкан да го следат примерот на Атина и Скопје и да изнајдат решение за постоечките тешки околности и комлицираната историја.
„Тоа беше незамисливо пред неколку години. Чудата се можни. Се надеваме дека тоа ќе создаде енергија и за другите земји од Западен Балкан кои се уште преговараат“, заклучи Малешкану.
Шефот на романската дипломатија нагласи дека на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати во Букурешт, претставниците на Грција и Северна Македонија за прв пат седнале заедно и споделиле иста идеја за развој на условите за пристапување на Западен Балкан во ЕУ.
„Потписот на преспанскиот договор покажа дека и покрај тешките околности и комплицираната историја, со политичка волја можно е да се изнајде решение за политичките прашања“, порача Малешкану.
Дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ што денеска се одржува во Брисел, присуствуваа и шефовите на дипломатиите на земјите кандидати.