(Не) треба да ги сечете со нож овие намирници

Кој зеленчук и овошје е подобро да го сецкате со нож, а кој е најдобро да го ставите во електричниот сецко?

Доколку сaкате да заштедите време, ставете го зеленчукот во електричен сецко, нo нормално, како и секој апарат, и електричниот сецко има ограничувања, па понекогаш подобро е да користите нож.

Електричниот сецко е супер за:

– сецкање на цврст зеленчук (моркови, кромид, цвекло, пиперки) или овошје. Наш совет е прво да ги исецкате на ситни парчиња, па потоа да ги ставите во електричниот сецко.

– сецкање јаткасти плодови

– ситно сецкање на лук, целер, кромид, магдонос

– крупно сецкање на овошје и зелечнук

– матење на намази, сос или песта

Ножот е подобар за:

– сецкање на зелена салата

– приготвување на естетски убави салати со убави, големи и идентични парчиња овошје или зеленчук

– сецкање на коски

– сецкање на премногу меки видови на овошје и зеленчук

Освен ножот и електричниот сецко, тука е и блендерот кој всушност е најдобриот избор кога правите овошни и зеленчукови шејкови, бидејќи сите нутриенти од продуктите ќе бидат задржани и искористени.

Треба да знаете
Последни објави