Пијанство кое неодговорен Британец го чинело 20 илјади долари

Еден Британец се напил толку многу што пилотот морал да сврти и да го врати авионот назад, па сега неодговорниот патник ќе мора да плати околу 20.000 долари за трошоците за потрошено гориво.

Имено, четириесет и четиригодишниот Дејвид Стивен Јанг премногу испил на летот на компанијата „Вест Џет“ од Калгари во Канада до Лондон, за негова среќа, кратко време по полетувањето на авионот.

Пилотот бил принуден да го промени правецот и да се врати, а на аеродромот полиција го пречекала пијаниот Британец и го привела поради предизвикување на вознемиреност меѓу патниците.

Јанг се изјаснил за виновен, поради што ќе треба да плати околу 20.000 долари, што е износ за потрошеното гориво, поточно 9,071 килограми керозин.

Нему му е забранет влез во Канада, а тој јавно се извинил за штетата и непријатноста што ги предизвикал.

Треба да знаете
Последни објави