Централните делови на САД ги парализираа поларните температури што паднаа на минус 48 Целзиусови степени.
Официјални лица од неколку земји му припишаа бројни смртни случаи на ледениот воздух. Според Ројтерс, бројот на жртви се зголемил од претходните 12 на 21 лице. Имено, лекарот од болницата во Чикаго изјави дека девет лица починале како резултат на екстремниот студ во Чикаго.Некои загинаа во сообраќајни незгоди поврзани со студеното време, а други поради изложеност на студ.
Особено се загрозени бездомниците, па поради тоа Чикаго и другите градови отворија засолништа каде што можат да се згреат.
Медиумите известуваат дека еден студент на Универзитетот во Ајова починал од студ.
Пред повеќе од 20 години сличен арктички бран го погоди средниот запад на САД и североисточно од таа земја. Забележани се повеќе од 30 рекорди на ниски температури, додека најниската е забележана во четвртокот во Котон Сити, Минесота, каде што беше минус 48 степени. Се очекува бранот на арктички студ да престане во текот на викендот, според Ројтерс, додавајќи дека веќе в сабота во некои централни делови на САД, каде што овие денови е студено, може да се измерат дури 15 степени над нулата, што е 20 степени повеќе од просекот. Но, тоа ќе трае многу кратко бидејќи температурите ќе се вратат во нормала за овој период од годината за неколку дена